Уште еден успех на нашите математичари на државниот натпревар

Учениците од  ООУ „Блаже Конески“ – Велес достојно го претставија своето училиште на државниот натпревар по математика, кој се одржи на 16.05.2021 (недела) во просториите на ПМФ.

Во силна конкуренција, ученичките:

  • Ана Бошкова од 9то одд под менторство на наставничката Лидија Грбева и
  • Снежана Митровска од 7мо одд под менторство на наставничката Тања Инѓилизова

освоија третта награда секоја во својата конкуренција.

Им посакуваме поголеми успеси во иднина.