Ученикот Матеј Гелев гордост на нашето училиште 

  • Македонскиот тим на 16-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки 16. IJSO, која се одржа во Доха, Катар, броеше шест ученици  од нашата држава меѓу кои и нашиот деветтоодделенец Матеј Гелев. Горди сме на него кој се закити со бронза и го потврди минатогодишниот избор за најталентиран ученик од основно образование во општина Велес. Патот за да се стигне до оваа олимпијада бараше многу учење, работа, регионални и државен натпревар, селекциони натпревари по предметите физика, биологија и хемија. Но, нашиот Матеј  со своите 14 години покажа дека може да се носи со сето ова и да се врати со награда. Тој е нашиот образовен амбасадор заедно со останатите ученици од тимот и професорите кои беа со нив. Во организација со директорот Јованче Mанасков, учениците од одделението IX-2 и група наставници од нашето училиште го пречекавме на аеродром да ја споделиме радоста и успехот кој Матеј го постигна. На Денот на училиштето му беше доделено специјално признание и награда на кои Матеј се заблагодари. Се надеваме дека овој успех ќе биде мотив и за другите ученици , а ние како училиште ќе бидеме расадник на талентирани и успешни ученици и во иднина.