УЧЕБНАТА ГОДИНА ПРОДОЛЖУВА И ЌЕ ЗАВРШИ ОНЛАЈН

Владата на Република Северна Македонија на 48 седница ја усвои информацијата со пакет мерки од областа на образованието кои се однесуваат на спроведување на едукативен процес во услови на КОВИД-19 криза, а на предлог на Министерството за образование и наука (МОН).

Мерката се однесува на наставата во основните и средните училишта за која се утврдува дека ќе се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација, се до 10 јуни 2020 година.

Директор

Јованче Манасков