УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈАTA ЗА КРВОДАРУВАЊЕ

   

На 18.12.2018 година, по повод  одбележување  на  Денот на училиштето, по дванaесетти пат успешно се реализираше традиционалната акција за дарување на крв – драгоцената течност која живот значи!

Тимот наставници (Биљана Митева, Марга Конукова, Јадранка Клифова, Весна Мешкова   и Ристо Трајковски), во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Заводот за трансфузиологија и оваа дванаесетта по ред  акција успешно  ја  реализираше во просториите на нашето училиште. Со тоа уште еднаш  ја покажавме нашата спремност да им помогнеме на оние на кои им е потребна драгоцената течност.

За дарување на крв се пријавија 48 родители, вработени  од нашето училиште како и граѓани од нашиот град.

Крв даруваа 46 од нив, односно се „собраа четириесет и шест крвни единици“.

Голема благодарност до сите нив од организаторите на акцијата, како и од Црвениот крст на Р.Македонија  кои не го криеја задоволството од успешно реализираната акција!