Упатство за ученици и родители за најава на националната платформа за учење од далечина

Драги ученици и родители

Со наближувањето на почетокот на новата учебна година, привршуваат и подготовките за неа.

Во теков на викендов од Вашите одделенски раководители ќе добиете (секој посебно) КОРИСНИЧКО ИМЕ и ЛОЗИНКА за најава на националната платформа за учење од далечина.

Внимавајте добро и пред било што да направите погледнете го подоле споделеното видео со насоките и/или контактирајте го Вашиот наставник.

Во понеделник во 10 часот како училиште ќе направиме проба пред генералната проба на ниво на држава, која е закажана за вторник во 10 часот за што подетално ќе Ве информираат наставниците.

Имајте убав викенд и… се гледаме наскоро