Трета Балканска образовна конференција на ANN Ex Yu

Трета Балканска образовна конференција на ANN Ex Yu –Асоција на најдобри наставници на Ex Југославија одржана во Белград од 31.10 – 02.11.2019 год. Едукативно,инспиративно и пријателско дружење на најдобрите наставници од балканот кои заедно ги бришат границите, учат едни од други и шират љубов и пријателство преку мисијата „ Градење на поубав свет за децата преку нашето усовршување“. Со размена на искуства и идеи преку предавања, работилници, посети на училишта, панел дискусии, презентации на проекти и согледување на проблемите во образованието во регионот се обединија сите просветни работници од градинки до универзитети.