Традицијата на добри математичари продолжува

Со години наназад, учениците од ООУ „Блаже Конески“ од Велес се солидно пласирани и освојуваат награди на регионалните и државните првенства по математика. И оваа година не беше исклучок. Пет ученици се пласираа на државното првенство, а освоија три награди меѓу кои и една титула на државен првак.

Матеј Гелев IX одд – прва награда и продолжува на ЈММО (ментор Соња Стумбова)

Ана Бошкова VIII одд. – трета награда (ментор Лидија Грбева)

Снежана Митровска VI одд. – трета награда (ментор Тања Ингилизова)

Се разбира, најзаслужни за успехот се самите ученици коишто редовно и во целост ја совладуваат наставната материја и вредно се подготвуваа за натпреварите, но не е мал и придонесот на предметните наставници коишто ги водеа учениците низ процесот на учење и подготовка.