ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Во рамките на активностите по  повод Денот на Училиштето денес 24.12.2020 година во периодот од 10 до 14  часот во Ликовниот салон, се одржа традиционална крводарителска акција. 

Даруваа вработените во училиштето, родителите на учениците, но и останати граѓани кои сакаат да дадат поддршка и придонес за зачувување на јавното здравје.

Крводарителската акција помина одлично. Вкупно се даруваа 44 крвни единици со што е една од најуспешните досега. Горди сме што и во вонредни услови поради пандeмијата со вирусот Covid – 19 ние успеавме да орагнизираме и реализираме успешна акција.

Им се зблагодаруваме на нашите вработени,  родители и сограѓани за хуманиот чин. Посебна благодарност до ОО „Црвен крст“ – Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

На крводарителската акција се применуваа сите протоколи и процедури за заштита од Корона вирусот.