Среќен почеток во Новата учебна година

Драги ученици, учебната 2018/2019 год. ќе започне на 3 септември 2018 год.

Во 7:30 часот во претпладневната смена започнуваат со настава учениците од I, II, III и IV одделение, V-1 одд. и V -2 одд. , VI и VIII одделение. Во 13:00 часот во попладневната смена започнуваат со настава учениците од V-3, V-4, V-5 одд. , VII и IX одделение.

На сите ученици им посакуваме среќен почеток и успешна учебна година.
Учениците од шесто одделение ќе бидат прифатени од страна на одделенските раководители на влезот на училиштето.
Свечената приредба за добредојде на првоодделенците ќе започне во 8:00 часот.
Почитувани родители, повелете да ја проследите.