СРЕЌЕН ЛЕТЕН РАСПУСТ

Драги наши ученици и почитувани родители,

Денес заврши една наставна година исполнета со предизвици, со многу новини, но и со многу победи.

Наставата се реализираше на поинаков начин, виртуелно и со физичко присуство, со маски и пред монитори, но тоа што беше поинаку не не спречи да бидеме успешни. Затоа, ајде да ја паметиме оваа година само по убавите моменти во неа, по новите искуства и новите другарувања, по сите значајни доживувања и настани.

Наставниците ги реализираа успешно планираните програми, учениците постигнаа нови знаења, вештини и ставови. Беше динамично, но бевме вредни и упорни. Нашето училиште покажа дека претставува институција која го заслужува епитетот да се биде најдобар.

Ви посакуваме пријатен летен одмор. Бидете здрави, весели и уживајте во летните доживувања. Читајте, дружете се, забавувајте се, возете велосипед и потрошете го времето со најблиските. 

Се гледаме идната година, полни со елан пред новиот предизвик.