СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

Плодната соработка со родителите на учениците се дел од нашето училиште. Соработката помеѓу родителите и наставниците во училиштето се темели на взаемни интереси и соработка кон изнаоѓање заеднички решенија за сите чинители на воспитно-образовниот процес. На ден 18.10.2018 четврток се реализираше наставен час во соработка со родителот Бојан Тодоровски – Електрична енергија: Истражување и составување – струјно коло. На часот присуствуваа учениците од второ одделение со своите наставнички. Овој вид на часови ги охрабруваат учениците да поставуваат прашања и самите да доаѓаат до одговори преку поддршката од наставниците. Часот по природни науки беше интересен за учениците, а сознанијата остануваат научени. На ваков начин им се овозможи на учениците да го консолидираат и градат знаењето коешто го научиле. Часот беше интересен и успешно реализиран.