ПРОТОКОЛ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

ПРОТОКОЛ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Прв училиштен ден – Прием на првачиња

· Родителите за приемот на првачињата на првиот училишен ден ќе бидат известени преку веб страницата на Училиштето и преку комуникација со наставникот (во која паралелка е нивното дете, кој е тандемот на наставници кои предава на таа паралелка, на кој влез и во колку часот ќе биде приемот на паралелката на нивното дете и сите заштитни мерки кои задолжително ќе треба да ги почитуваат на приемот на првачињата);

· Приемот ќе се врши на различни влезови за секоја паралелка во точно определено време, по следниот распоред:

ОдделениеВреме на приемВЛЕЗ
1-109.00Училница
1-209.15Училница
1-309.30Училница
1-409.45Училница

· Секој наставник ги чита своите ученици по азбучен ред, а другиот наставник (тандем) го пречекува ученикот му мери температура со бесконтактен термометар, врши дезинфекција на обувките и рацете, го внесува во училница и му го покажува местото на седење;

· За време на приемот на првачињата (родител и дете стојат заедно на пропишано физичко растојание од другите родители и деца);

· Родителите при носење на децата во училиште задолжително да имаат заштитна маска и да го почитуваат утврденото време за почеток на приемот на првачињата;

· Учениците задолжително носат маска во текот на целиот престој на училиште;

· За време на влегување во училишниот двор се препорачува присутните да не се групираат;

· При приемот на првачињата, настaвниците од прво одделение ги информираат родителите дека преку видео – конференциска платформа ќе одржат наставничко – родителска средба на која ќе бидат запознати со Протоколите на училиштето и други информации поврзани со почетокот на учебната година;

· На првиот училишен ден секој ученик од страна на наставникот ќе добие корисничко име и лозинка за најава на национална платформа MS Teams.