Проект ,,Учиме германски и градиме мостови”

На ден 27.03.2018 година во просториите на училиштето „Рајко Жинзифов“ Оризари,Велес се одржа завршниот дел од Проектот „Учиме германски и градиме мостови“. По освоената 2 награда во месец Декември доделена од Гете Институт-Скопје, за Проектот „Учиме германски и градиме мостови“, проф.по Германски јазик Тања Николова, денес се сретнаа учениците од деветите одделенија од основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Блаже Конески“.Преку овој проект учениците меѓусебно се запознаа и научија за своите празници и култура.А сето тоа на германски јазик. Дружбата беше прекрасна.Благодариме на присутните а пријателствата ќе останат трајни.