Проект „Магичната мрежа на пријателство“ – „A magical intercultural friendship network“

На ден 7.02.2019 год. на часот по додатна настава во присуство на директор, стручни соработници, наставници и родители учениците од V-5 одд. со одговорен наставник  Светлана Бобевска  ги запознаа  присутните со активностите на двата проекти од светски размери. Проектот „Магичната мрежа на пријателство“- „A magical intercultural friendship network“ кој ни овозможи да се запознаеме со многу народи и нивната култура и традиција од целиот свет и стекнавме нови пријателства.

После успешно завршениот проект стигнаа заслужените благодарници -сертификати кои ги додели директорот Јованче Манасков на ООУ„Блаже Конески“ Велес на учениците, родителите и наставниците соработници на проектот. На иститот ден сите присутни се запознаа и со активностите од новиот проект од светски размери „Иновирај ги своите соништа“ Innovate Your Dreams 2019. Целта на проектот е да им помогне на учениците да ги разберат и да се подготват за интересите на иднината.

Со нов и иновативен пристап да се воведат учениците од 7 до 16 години во „ „Креирање  на  иднина“ и во 3 од 17 цели за „Одржлив развој од Обединети Нации“ во Агендата до 2030. Преку креации, презентации и свои видувања за идните професии и животот во иднината учениците успешно ги постигнаа поставените цели преку кои треба да ги развиваат компетенциите на комуникација, презентација, соработка и критичко размислување.