Проект: ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

Денес во училиштето започнаа подготовките околу уредување на училниците и училиштето во новогодишно руво. Родителите и наставниците од IV-4, во рамките на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ реализираа активности за изработка на новогодишни украси и уредување на училницата. На овој начин родителите и наставниците докажаа дека за зајакнување на врската на релација ученик – наставник – родител е можно со заеднички активности, кои како крајна цел ќе имаат правилно  воспитување на учениците.