Признание за творење од здружението Ма-БиХ

На 8 мај 2019 во хотел „Премиер “ Битола на ниво на Македонија и пошироко се одржа поетска манифестација на која учениците од V-5 одд. под менторство на Светлана Бобевска од нашето училиште испратија поетски творби и пишување на писмо по распишаните конкурси. Со комплет книги и посебно Признание за творење од здружението Ма-БиХ (Македонско и БиХ  Здружение за пријателство и соработка на Р Македонија) Битола наградено е училиштето ООУ„Блаже Конески” од Велес-учениците од V-5 одд. со ментор Светлана Бобевска. Сите ученици ќе добијат книга – алманах на одд.заедница издадена од Вера Благојевиќ како награда за нивното творење и љубов кон пишаниот збор…  
Крај на разговорот