ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ДОБИТНИК НА ПРОЕКТОТ ОД ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ

На денешниот настан „Предизвик за млади истражувачи“ беа прогласени најдобрите предлог проекти од основните и средните училишта во државава. Предлог проектот на нашето училиште, ООУ „Блаже Конески“ – Велес, е прифатен за финансирање, а според редоследот на објавување е високо рангиран – веднаш по прворангираните три. Проектот има наслов „Прочистувачи за воздух во училници“, а за изработката на предлог програмата најзаслужни се ученикот Матеј Гелев, кој ја одбрани презентацијата на високо ниво , под менторство на наставничката Тања Инѓилизова. Силно сме убедени дека реализацијата на проектот ќе биде исто толку успешна како и подготовката на предлогот.

Линк до целото видео: