Празникот на жената-Осми март

Празникот  8 Март  беше инспирација учениците од нашето училиште, водени од наставничките, да подготват приредба со песнички и рецитал за нашите пензионерки кои беа дел од ова училиште. Низ песна и игра учениците заедно со нашите драги колешки-пензионерки свечено го одбележаа празникот.

Со рачно изработена честитка и пригодна програма учениците  им го честитаа Празникот  на жената, 8 Март, на жените пензионерки . Се радуваа и едните и другите.  На нашите драги колешки-пензионерки,  им беа поделени честитки изработени од вредните раце на  учениците кои со многу посветеност, љубов и желба се трудеа најдобро што можат. Учениците  беа радосни за време на подготовките, беа иницијатори да се стави срце на честитките. За возврат очекуваа  бакнежи и прегратки. Сето тоа им беше возбудливо доживување. Жените од третото доба беа воодушевени од вниманието на децата. Ги гледаа, небаре, свои внуци. Се радуваа  со нив и сакаа  почесто да имаат вакви средби.

Присутните пензионерки му изразија голема благодарност на директорот Јованче Манасков за покажаното внимание и почит кон поранешните колешки.

Преку реализирање на ваков вид  активности децата ја изразија  својата љубов кон  жената, пред сè кон  мајката, бабата. Со тоа сакаме да ја развиеме свеста на децата за почитување и значењето на семејството и семејните вредности.