ПОЛУМАТУРАНТИ-ГОРДОСТ НАША, ПРОДОЛЖЕТЕ ХРАБРО ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ

На ден 15.6.2020 год.( понеделник) се одржа и доделувањето на свидетелствата на генерацијата полуматуранти 2019/ 2020 год. Оваа година на еден сосема поразличен начин од претходните години, водени од мерките за заштита од Ковид – 19  се разделивме со нашите деветтооделенци. На сите полуматуранти им посакавме многу успех во понатамошното школување, да чекорат храбро и достоинствено кон новите предизвици и да освојуваат награди, да продолжат да бидат гордост наша. А кога сме веќе кај наградите да не заборавиме да кажеме дека во секое одделение ги прогласивме најдобрите ученици. Во 91 одд. за најдобар ученик е прогласена ученичката Меги Бочварова, во 92 одд. за најдобар ученик е прогласен ученикот  Матеј Гелев, во 93 одд. за најдобар ученик е прогласена ученичката Верица Мишкова и во 94 одд. за најдобар ученик е прогласен ученикот Филип Гроздановски.  Како ученик на генерацијата полуматуранти 2019 / 2020 година е прогласен ученикот Матеј Гелев од 92 одд. кој во текот на неговото образование се здоби со низа награди од областа на природните науки, а како нај престижна е наградата во Катар на Светскиот натпревар по природни науки со освоен бронзен медал.