„Подари лектира на училиштето“

Во рамките на активностите по повод денот на училиштето се одржа собирна акција под мотото „Подари лектира на училиштето“. Во текот на  акцијата беа собрани  190 лектири и книги со што се збогати фондот на  нашата библиотека.  Активно учество покрај учениците од прво до деветто одделение земаа и пензионерите од нашиот град.

Целта на нашата акција  – да ја збогатиме нашата училишна  библиотека  со разновидна  домашна и странска литература која ќе може да ја користи секој од нас, а читајќи книги да уживаме во пишаниот збор.