ООУ „Блаже Конески“  ги собра наградите на изборот за Најуспешните за 2019 година во Општина Велес

На традиционалната Новогодишна свеченост организирана од Општина Велес, одржана на 26.12.2019 година во големата сала на Општината, беа презентирани подвизите и успесите на Општина Велес и беа наградени Најуспешните за 2019 година. Нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ – Велес доби три награди и тоа:

  • Награда за најталентиран млад научник на ученикот од IX-2 одделение  Матеј Гелев кој на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 16 IJSO, која се одржа во Доха, Катар освои бронзен медал
  • Второпрогласени за најдобар училишен центар за отпад во училиште и објект во градинка за 2019 година – доделен прочистувач на воздух од непрофитното друштво „Нулта Отпад“ – Скопје  и
  • Награда за директорот Јованче Манасков кој беше прогласен за најуспешен менаџер во јавна установа во Општина Велес за 2019 година

Овие награди само ја докажаа посветеноста, трудот, тимската работа и  истрајноста на сите вработени и ученици во ООУ „Блаже Конески“ – Велес. Поддршка на наградените дадоа учениците од IX-2 одделение и вработени во училиштето.

Наградите ги доделуваше градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, а манифестацијата ја збогатија дечињата од ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“ и маестралниот гудачки секстет на Пламенка Трајковска.