ООУ “Блаже Конески” во еко акција ce собраа 410 кг пластика ,1410 кг хартија, 7кг батерии, 10 тина парчиња електронски отпад

Учениците и вработените од  ООУ,,Блаже Конески“ денес на 20.4.2018г. ,во пресрет на 22 Април -Денот на планетата Земја, а на покана на Здружението на граѓани ОХО, кое е национален координатор на Програмата за еколошка едукација и во соработка со МОН и  ФЕЕ, по седми пат  ги организира Светските денови на акција на меѓународно ниво . Училиштето се вклучи со реализација  на иновативни идеи  за подигнување еколошката свест и  создавање  позитивни промени кои ќе доведат до поодржлива иднина. Активности кои се вредни за спомнување покрај редовните собирни акциии на пластика и хартија  беа и собирање на електронски отпад ,батерии и сл..

Иновација беше  вклучувањето на локалното население кое гравитира околу Училиштето во сите собирни акции и активности. Со задоволство можеме да истакнеме дека имавме масовно вклучување и на родителите и на бизнис-секторот во овие собирни акции. За поздравување беше и уредувањето на внатрешноста на Училиштето со цртање и фарбање со еколошки бои и со пригодни пораки за нашите ученици. Резултатот од овие активности се собрани 410 кг  пластика  ,1410 кг хартија , 7кг батерии,  10-тина парчиња електронски отпад .