ООУ ,,Блаже Конески” – Велес со две златни медали

На 6.4.2019 во Македонска Каменица се одржа 56-от  Државен натпревар на млади техничари и природници. Меѓу 500 натпреварувачи беа и 10  ученици од ООУ ,,Блаже Конески” – Велес, кои се натпреваруваа во повеќе области и сите покажаа одлични резултати.

Златни медали добија учениците:

Матеј Гелев во областа Астрономија под менторство на наставникот Марјан Атанасов и

Љупче Инѓилизов во областа Екологија под менторство на наставничката Марга Конукова.