ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – ВЕЛЕС СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 5 ТИ ЈУНИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Вработени во Училиштето се приклучија на одбележување на 5 ти Јуни – Светскиот ден на животната средина во организација на општина Велес.  Тие ја поддржаа  акцијата на чистење на јавни површини од отпад на потегот  Стар мост – поранешен хотел Вила Зора.Нашата иднина и нашата животна средина во целост зависи од нас и од нашето залагање и ангажирање за заштита на природата.