ООУ„Блаже Конески“ Велес – домаќин на Државниот натпревар по Народна техника

Во  организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за клубови на младите техничари и природници на Македонија, а со поддршка на Министерството за обазование и наука на 15.4.2018 год. во ООУ „Блаже Конески“ се одржа 55. Државен натпревар по Народна техника.

Ова е значајна манифестација за младите луѓе бидејќи им овозможува да влезат во светот на техниката и науката. Директорот на училиштето Јованче Манасков, ги поздрави присутните и им посака многу среќа на учесниците со цел да победи  најдобриот.

Натпреварите поминаа во најдобар ред а од нашето училиште со награди се здобија следните ученици:

  • Љупче Ингилизов, сребро од областа на екологијата
  • Матеј Гелев, сребро од областа на применета математика и
  • Димитар Коцев, сребро од областа на бродомоделарство.

Се надеваме дека ја оправдавме довербата ова училиште да биде домаќин на еден ваков голем настан.