Одбележување на Светскиот ден на чистењето

На 15.9.2018 г. наставници, административци, технички персонал и ученици се вклучија во обележување на Светскиот ден на чистењето. Во училишниот двор се организираа активности за уредување, чистење и отстранување на исушени растенија, како и чистење на спортскиот терен. Беа собрани 15 – тина вреќи отпад, кои уредно се спакуваа и оставија на соодветно место за да може вработените од ЈКП да ги соберат. Акцијата започна во 8.00 и заврши во 11.15 часот. Учениците беа вклучени на доброволна основа и активно учествуваа во акцијата.

одбележување на Светскиот ден на чистењето