Нов еколошки проект во нашето училиште

   Активностите  во нашето училиште во делот на екологијата продолжуваат со засилено темпо! Така деновиве по повод 08 октомври – Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата започна со реализација проектот ,,Стимулирање на граѓаните во рециклирачките процеси преку имплементација на бенефит систем “(BAS) во соработка со Технолошкотехничкиот факултет од Велес и Универзитетот ,,СВ.Климент Охридски“ Битола, финансиран од ЕУ.Со надеж дека со постојани активности на еколошки план ќе го подигнеме нивото на еко свеста, како кај учениците така и на возрасните, им презентираме видео материјал од кој може многу сликовито да се научи за начините на заштита на природата и селектирање на отпадот .