Новогодишна среќа, радост, восхит …

Настан за паметње, 27.12.2019 год.  среќа, радост, восхит, емоции….кај учениците во II -4 одд и наставничките Светлана Бобевска и Донка Павлова. Денешниот ден беше исполнет со многу убави активности и емоции.Задоволство беше да ја гледаш среќата и блесокот во очите на децата од искажаната радост. Искажуваме голема благодарност на семејството Ристовски за донацијата на телевизорот, благодарност на мајката на Јосифа за новогодишната елка, на мајките на Дамјан и на Константин за направените пакетчиња за децата и за прекрасната Новогодишна работилница на мајката на Бојана Ангелов. Децата се пресреќни а телевизорот ќе ни биде од голема корист при реализација на наставата.