Новогодишна математичка магија

По повод  Денот на училиштето во низата активности се вклучи и Активот по математика од предметна настава. Учениците од девето одделение изработуваа  3 Д новогодишни честитки со примена на математички знаења во делот на осна симетрија.

На изработките испишаа новогодишни желби. Друга група ученици изработуваа новогодишна елка така што во лампионите на истата испишаа зборови од типот: љубов, среќа, здравје, успех, радост, другарство, соживот, почитување, толеранција и сл. На крај учениците заеднички изработија новогодишно пано од изработките на кои беа испишани новогодишни пораки. На претставниците од МЦГО им подарија новогодишни честитки изработени од учениците и во име на училиштето им ја честитаа новата година.

Учениците од осмо одделение изработија новогодишна елка од коцки кои претходно ги изработија.Коцките беа во црвена и зелена боја. Тие ги составуваа и направија 3 Д новогодишна елка која ќе ја краси училницата по математика.

На овој начин учениците водени од своите ментори Соња Стумбова и Лидија Грбева креираа, твореа и се дружеа. На уште еден начин докажаа дека математиката знае да биде интересна и забавна.