Нашето училиште во соработка со АРМ

34-тата генерација на  војници, кои доброволно го отслужуваат воениот рок воАрмијата на  РепубликаМакедонија, даде свечена заклетва на 9 март 2018 година, во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“.

45 војници, меѓу нив  и две девојки,наредните три месеци ќе бидат дел од обуката која ќе се одвива во Центарот за индивуидуална обука кој е дел  од Командата за обука и доктрини.

Сопосебначест и задоволство, на овој чин присуствуваа  и ученици од ООУ „БлажеКонески“ Велес, заедно со предметниот нставник по историја, Павле Цилаков.

Учениците се уверија дека давањето заклетва е личен чин, но  и чест и задоволство за овие млади луѓе, кои чесно и во строј прифатиле да  и служат на својата татковина во Армијата на Република Македонија и притоа да го бранат нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.