Наградно патување и промоција во Охрид

На ден 9.10.2018 год. МаБиХ (Македонско и БиХ Здружение за пријателство и соработка на Р.Македонија) им овозможи наградно патување на учениците од V-5 одд.во ООУ„Блаже Конески“ Велес со својот одделенски раководител Светлана Бобевска и Лила Арсова – Претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес со свои ученици да бидат гости на Промоцијата на книгата за деца „Со посвета“ од хуманистката и писателката ВераМ Самарјанин во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид.Книгата ја промовираше професор Борис Ангелков.Беше задоволство да се слушаат прекрасните стихови на детските песни. Учениците имаа можност да ги разгледаат и убавините на Охрид, да го посетат споменикот на првите словенски учители „Св.Кирил и Методиј“. На враќање го посетија и центарот на градот на конзулите-Битола.Со доделување на благодарница ја искажавме големата благодарност до претседателот и автор на книгата Вера Благојевиќ (ВераМ Самарјанин) за прекрасната манифестација и организација на денот.