Наградите во функција на учениците

Деновиве во училиштето беше ставен во функција Прочистувач на воздух, кој го добивме како награда по повод распишаниот конкурс за избор на најдобар собирен центар во општина Велес.

Прочистувачот на воздухот е доста ефикасен за прочистување на училишните простории, па наш приоритет за во иднина ќе биде набавка на повеќе вакви апарати.

Екологистите се во постојана акција за обезбедување на почиста средина за учење и престој во училиштето.