Наградени ученици по повод Денот на училиштето

По повод  Денот на училиштето , секциите по македонски, англиски, германски и руски јазик како и секцијата по ликовно образование при ООУ” Блаже Конески“- Велес распишa конкурс за основните училишта на тема :

 

УМЕТНОСТА ГО РАЗУБАВУВА ЖИВОТОТ

 ART MAKES LIFE BEAUTIFUL

 KUNST MACHT DAS LEBEN SCHONER

 Художественостb  раскрасивает жизнb

 

Кога би морале да ја дефинираме уметноста во еден стих, тоа секако би бил стихот на Блаже Конески, кој вели: „…тоа е порив и за смисла не прашува“. Делото на уметникот е во врска со неговиот нагон, тој едноставно ги слева своите идеи, чувства и доживувања во слика, во поезија, во проза, во музичка композиција.

Дождот е симбол на животот и со негов благослов сѐ никнува. Никнуваат и цветовите на иднината чие семе е во сегашноста.

Животот  – тоа е уметност во сѐ да се најде убавина и радост.

 На 21.12.2018 во просториите на нашето училиште се одржа литературно читање и доделување на наградите .

 

Македонски јазик – основни училишта од градот (VI-IX одделение)

Прва награда во категорија од шесто до деветто одделение и припадна на ученичката Кристина Купенкова  VII-5 одделение – ментор Стефани Андреевска.

Втора награда му припадна на ученикот Илија Амбарков 8 одд. од основното училиште Свети Кирил и Методиј – ментор Анита Мирчева.

-Изабела Ѓурчиновски  VII-5 одделение – ментор Стефани Андреевска

-Деспина Миланова од 9 одд. од основното училиште Стојан Бурчевски Буридан, ментор Наташа Брезовска

Трета награда во категорија од шесто до девето  одделение и припадна на ученичката Симона Пасламушкова VII-а одделение од основното училиште Свети Кирил и Методиј –  ментор Маја Јовановска.

Ангела Митрева од основното училиште Васил Главинов – ментор Елена Гуновска

Ива Гргиќ- 6-4 одделение – ментор Иванка Славкова.

Пофалница за учество се доделува на- Борче Ѓорѓиев (ООУ Васил Главинов)

Катја Зафирова (ООУ Васил Главинов) и Лина Илиева (ООУ Блаже Конески)

Стефанија Јакимовска (ООУ Стојан Бурчевски Буридан)

 

Наградите за учество на конкурсот на учениците од нашето училиште се следните:

Трета награда во категорија од четврто и петто  одделение им припадна на учениците

Дајана Ангеловска 5-5 одд. (ментор- Светлана Бобевска)

Теодора Тодорова 5-4 (ментор Јулијана Нацева)

 Втора награда им припадна на учениците

Кристијан Ристовски  5-5 одд. (ментор- Светлана Бобевска)

Дорија Ингилизова  5-4 (ментор Јулијана Нацева)

 Прва награда му припадна на ученичкот Илија Дејанов од 5-1 дд. (ментор Софијанка Слабева).

Пофалени ученици за учество на литературниот конкурс се:

Ева Ѓоргиевска 4-4, Матеа Сарагинов 4-4, Симоновиќ Матеа 4-2, Мила Ангеловска 4-2

Ања Трајковска, Теона Гаштарска, Матеја Николова, Викторија Попзлатанова – сите од 5-1 одделение

Јаков Ѓоргоски, Лина Стојановска, Моника Данаилова, сите од 5-4

Марко Јанковски и Деспина Грданова од 5-5 одделеие.

Честитки за сите пофалени ученици.

 

 

Англиски јазикосновни училишта од градот (VI-IX одделение)

Трета награда во оваа категорија шесто и седмо одделение и припадна на ученичката Марија Бошевска – VI-b одд. од основното училиште  Свети Кирил и Методиј – ментор  Павлина Харалампиева.

 Втора награда и припадна на ученичката Славјанка Андреев – VI-3 одд. од основното училиште  Васил Главинов  – ментор  Наталија Спасиќ.

 Прва награда во оваа категорија и припадна на ученичката Бениса Фазлагиќ- 7одд. од основното училиште  Рајко Жинзифов – ментор  Амра Хоџиќ.

 Пофалница за учество на литературниот конкурс:

 Аријалда Бајровиќ – 6 одделение

Марија Бошевска- 6 одделение

 

Ученици од осмо и деветто одделение:

Трета награда во оваа категорија и припадна на ученичката Марија Зафирова – IX-a одд. од основното училиште  Свети Кирил и Методиј – ментор  Ирена Андреева.

 Втора награда и припадна на ученичката Димитар Арсовски – VIII одд. од основното училиште  Јордан Хаџи Константинов Џинот  – ментор  Слободанка Мартинова Арсовска.

 Прва награда во оваа категорија и припадна на ученичката Марија Кочова- VIII-a одд. од основното училиште  Свети Кирил и Методиј  – ментор  Ирена Андреева.

Пофалница за учество на литературниот конкурс:

 Анастасија Ѓорѓиева – 8 одделение

Валерија Ѓорѓиева – 8 одделение

 Наградите за учество на конкурсот на учениците од нашето училиште се следните:

Трета награда во категорија од четврто и петто  одделение и припадна на ученичката Теодора Тодорова  V-4одделение – ментор Александра Пановска.

 Втора награда им припадна на ученичките Лана Басаров  IV-3 одделение – ментор Aнита Апостоловска и

Бојана Миланова  V-5 одделение – ментор Бранкица Шоптрајанова

Прва награда и припадна на ученичката Матеа Сарагинов  V-4 одделение – ментор Александра Пановска.

 Пофалница за учество се доделува на- Стефанова Инес 4-3 одд. , Јовановска Викторија 4-4 одд. , Ангеловски Сандра 4-1 одд. , Димов Ангел 4-2 одд. , Деспина Грданова 5-5 одд. , Ања Трајковска 5-1 одд.

 

 Трета награда во категорија од шесто и седмо  одделение и припадна на ученичката Ана Бошкова VII-3 одделение – ментор Даниела Димовска.

 Втора награда му припадна на ученикот Кристијан Бошев VII-2 – ментор Александра Пановска.

 Прва награда во категорија од шесто до деветто одделение и припадна на ученичката Изабела Ѓурчиновски  VII-5 одделение – ментор Даниела Димовска.

Трета награда во категорија од осмо и деветто  одделение и припадна на ученичката Јана Чокова  IX-2 одделение

 Втора награда и припадна на ученичката Ева Карбевска  IX-3 одделение

Прва награда и припадна на ученичката Ели Панова  IX-1 одделение

Честитки за наградените ученици и нивниот ментор Даниела Димовска.

Пофалница за учество се доделува на ученичката Марија Андреева IX-3 одделение.

 

Германски јазик – основни училишта од градот (VI-IX одделение)

Трета награда во категорија од осмо и деветто  одделение и припадна на ученичката Сара Бериша  IX одделение од основното училиште Рајко Жинзифов – ментор Тања Николова

 Втора награда и припадна на ученичката Катја Зафирова  VI одделение од основното училиште Васил Главинов – ментор Каролина Јованова

Прва награда и припадна на ученичката Ана Милованова  IX одделение од основното училиште Васил Главинов   – ментор Сарита Стојанова

Прва награда и за ученичката Љиљана Мишева од 9-2 одд., од основното училиште Блаже Конески   Ментор – Васка Илиева

 

Руски јазик

 Трета награда во категорија од осмо и деветто  одделение и припадна на ученичката Марија Настовска  IX- 4 одделение

 Втора награда и припадна на ученичката Зорана Димонова  IX- 4 одделение

Прва награда и припадна на ученичката Тамара Илијевска  IX- 4 одделение

Честитки за наградените ученички и нивниот ментор Снежана Иванова.

Ликовните дела се наградуваа во три категории

  • прва категорија-прво до трето одделение
  • втора категорија-од четврто и петто одделение

(за учениците од нашето училите)

  • трета категорија-од шесто до деветто одделение

 

Трета награда во категоријата од шесто до деветто одделение и припадна на ученичката Теона Јаневска VIII-2 одд, од основното училиште  Свети Кирил и Методиј — ментор  Илчо Стојановски.

и ученичката Леа Богоевска VII-5 одд, од основното училиште  Васил Главинов

– ментор  Снежана Стефановска.

 Втора награда и припадна на ученичката Јана Крајчева – VIII-a одд. од основното училиште  Свети Кирил и Методиј  – ментор  Илчо Стојановски.

 Прва награда во оваа категорија и припадна на ученичката Лили Велкова- VI-3 одд. од основното училиште  Васил Главинов – ментор  Снежана Стефановска

 

 

Наградите за учество на конкурсот на учениците од нашето училиште се следните:

Втора категорија- ученици од 4 и 5 одделение:

 Трета награда за ученичката Викторија Попзлатанова од 5-1 одд. – ментор  Софијанка Слабева

Втора награда за ученичката Михаела Шолева од 5-2 одд. – ментор  Андријана Јорданова.

 Прва награда за ученичката Викторија Димовска од 5-1 одд. – ментор  Софијанка Слабева

Пофалница за учениците-

Ана Куновска  5-1, Ана Коцева 5-2, Марија Михајлова 5-2, Марко Богев 5-3, Јаков Ѓоргоски од 5-4 одд.

 Трета категорија – ученици од 6- 9 одделение

Трета награда за ученичката Матеа Ѓоргоска  од 9-2 одд. и ученикот Никола Северов од 9-3 одд.

Втора награда за ученичката Симона Димовска  од 9-3 одд.

 Прва награда за ученичката Василка Југова  од 9-2 одд.

Честитки за наградените  ученици и нивниот ментор  Ирена Илиќ

 

Пофалница за учениците-

Матеј Жаров, Ана-Марија Кукулева и Љиљана Мишева од 9-2 одделение.

И на крај најмалите учесници на нашиот ликовен конкурс, учениците од второ и трето одделение.

Трета награда за ученичката Тамара Николова 2-4 одд.

Втора награда за ученикот Лука Костадинов од 2-1 одд.

Прва награда за ученичката Теа Гајдова од 2-1 одд.

Пофалница за успешно учество на конкурсот има ученичката Дионисија Минова од 2-3 одд.

Трета награда за ученичката Александра Војнеска 3-4 одд. и Никола Камењаров од 3-1 одд.

Втора награда за ученикот Лука Коциќ  од 3-1 одд.

 Прва награда за ученикот Слободан Богданоски од 3-2 одд.

Пофалница за успешно учество има ученикот Тоше Костадинов од 3-2 одд.

Ви благодариме што со вашето учество на нашиот литературен и ликовен конкурс во навистина огромен број ја збогативте нашата прослава по повод 36-от роденден на училиштето и со тоа станавте дел од нашата традиција.

Со искрени желби за понатамошна соработка ве покануваме и наредната 2019 година да бидете дел од нашата прослава.

Воедно ви ги честитаме претстојните Новогодишни и Божиќни празници и ви посакуваме многу здравје , среќа и успеси.