Наградените ученици од „Блаже Конески“ на дружба со Премиерот

Учениците од ООУ,,Блаже Конески“  ја заокружија оваа година со уште еден успешен и значаен  новогодишен настан.

На  27.12. 2019  во просториите на Нациналната Филхармонија се одржа свечениот настан  промоција и публикација на книгата ,,Моето патување во фантазијата“ на кој што 8 ученици од Велес кои учествуваа на конкурсот распишан од Владата на Република Северна Македонија за учениците од II, III и IV одд. имаа чест  нивните лични творби, песнички и раскази, да патуваат  на страниците од оваа детска книга. Од ООУ,,Блаже Конески,, 7 ученици: Јована Алчева, Елена Кузманова,Никола Камењаров, Никола Тодоров, Слободан Богданоски, Љубе Лазов, Михаил Здравковски и нивните ментори беа дел ода оваа свеченост.

Поздравно обраќање на учениците, родителите, наставниците, директорите и останати присутни  имаше претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. Тој истакна дека само децата со љубовта кон книгата и пишаниот збор ќе ги спасат јунаците од книгите од исчезнување.

Секој  ученик  се доби со книга со лична посвета од Премиерот и пригодни новогодишни пакетчиња и подароци.

Среќни деца, многу насмевки и задоволни лица со мотивација и следната година да бидат дел од светот на фантазијата со свои нови лични творби.