Наградените ученици на натпреварот „Предизвик за кодирање 2021“ свечено пречекани и наградени од Директорот на училиштето Јованче Манасков

Нашето Училиште организираше средба на која директорот Јованче Манасков свечено им ги додели наградите за освоено трето место на натпреварот „Предизвик за кодирање 2021“ на Марко Ангелов, Кристијан Трајковски, Тодор Пљаков и Матеј Ѓорѓиев, ученици од VIII5 одделение – членови на клубот за кодирање и на нивниот ментор, наставничката по информатика, Маја Гелев.

На средбата учениците му го претставија на директорот проектот со кои се натпреваруваа „Micro:bit како алатка за топлотна регулација во услови на глобално затоплување“ односно како микробит уредот ја мери температурата во просторија и ако таа се искачи над одредена граница тогаш се вклучуваат вентилатори кои ќе помогнат во ладење на просторијата. Учениците ги споделија и своите искуства од натпреварот, а поттикнати од уредите кои како награда ги доби училиштето односно клубот за кодирање веднаш дојдоа до нови идеи за идни проекти и активности во кои ќе го користат Микробитот како смарт алатка. На средбата учениците се почастија и со парче торта кое само ја надополни благодарноста искажана кон учениците и нивниот ментор за постигнатиот успех на натпреварот.

Уште еднаш им ја честитаме наградата на нашите учениците и нивниот ментор и им посакуваме многу успеси и награди во иднина.