МЕСЕЦ НА КНИГАТА

На ден 8.11.2019 во 13.30 часот  во училиштето  ,,Кирил и Методиј” Свети Николе се одржа завршна манифестација  по повод ,,Месецот на книгата” на која беа  поканети  како гости  наставниците Славица  Петрова и Светлана Бобевска со младите поетеси Бојана Миланoва и Деспина Грданова.
На  манифестацијата  се претставија со своите  песни и издадени стихозбирки  одд.наставник: Светлана Бобевска и ученичките Бојана Миланова и Деспина Грданова   од ООУ ,,Блаже Конески”Велес, кои заедно со неа имаат издадено  стихозбирка песни на цела паралелка .
Претседателот на Еко одборот од ООУ„Блаже Конески“ Славица Петрова и нејзиниот тим  им  подарија   и зимзелено дрво  кое заеднички го засадија  во училишниот двор во знак на почеток на една плодна соработка.