МАГДАЛЕНА КАМЧЕВА – одделенски наставник

Во овие мигови на разделба свесни сме дека зборовите не се доволни за да бидат утеха.

Магдалена,

ведра и насмеана со своите ученици,

мајчински загрижена над секое од нив,

строга колку да ги насочи кон вистинските  вредности во животот,

со очи полни љубов кога зборува за најблиските,

другар и советник кон своите колеги.

Нашата колешка Магдалена, како учител, наш е патоказ!

Таа е дел од личностите на многу генерации велешани и затоа ќе живее во нив,

како што ќе живее во нас, и во Вас.

ВЕЧНА И СЛАВА!