КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Родителите на учениците и наставниците ја продолжија успешната традиција. По 13-ти пaт во ООУ „Блаже Конески“ се одржа крводарителска акција по повод Денот на училиштето. Оваа година се даруваа 27 крвни единици. Поголем дел од дарителите 16 беа мажи, а 11 беа од женски пол. На оваа акција за прв пат даруваа вкупно шест лица кои официјално станаа дел од најхуманото семејство во светот. Акцијата се реализираше на 17-ти декември. Голема благодарност до дарителите.