Историјат

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес е дел од државниот воспитно-образовен систем со кој се  уредува дејноста на основното училиште и е институција од јавен интерес.

Општинското основното училиште „Блаже Конески“ Велес е училиште со децениска традиција со професионална и квалитетна воспитно образовна дејност на македонски јазик.

Квалитетно училиште – кое поддржува инклузивност и ефективност, негува здравје, безбедност и  родова еднаквост; училиште во кое има еднакво учество и активна партиципација на сите чинители во животот и работата на училиштето и средината; продуктивна училишна средина -училиште во кое се почитуваат правата на децата и во кое се негува мултикултурализамот.

За училиштето

Училиштето  е  лоцирано во централното  градско подрачје на улица ,,Љубљанска“ бр.1. Првично  го носеше името „Јосип Броз Тито“ за во 1994 година да се преименува во ООУ„Блаже Конески“.  Училиштето работи во современ објект. Училишната зграда е поставена на 9600 м2 затворен простор и 11 000 м2 отворен простор со можности на учениците за секаков вид воспитно образовни активности. Од својот почеток па до денес училиштето постигнува солидни резултати во своето работење кои овозможија афирмација на локално ниво и пошироко. За ова сведочат голем број на доделени награди, признанија и плакети. Во 1990 година Собранието на Општина Велес му додели на училиштето Спомен – плакета како резултат на успешна воспитно – образовна работа. Оттогаш па до денес , продолжува со нижење на нови успеси и високи постигнувања за што говорат многубројните дипломи, признанија, трофеи, плакети и други награди што се мотив за понатамошно работење.

За ликот и делото на Патронот

 

Патронот на училиштето, Блаже Конески, е роден на 19.12.1921 год. во с.Небрегово – Прилепско. Блаже Конески бил поет, раскажувач, есеист, славист, книжевник, историчар, преведувач, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ). Како научник – славист, тој ги прави најзначајните чекори за македонскиот литературен јазик. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност. На 7 декември 1993 год Блаже Конески само физички не напушти, затоа што само големите луѓе остануваат  засекогаш во срцата на народот.Конески беше почесен директор на неколку универзитети, а во негова чест, денес Филолошкиот факултет го носи името Блаже Конески.

 

МИСИЈА:

СИТЕ ЗАЕДНО КОН КВАЛИТЕТЕН ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС КОЈ ОБЕЗБЕДУВА ИНДИВИДУАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАНИЦИТЕ. ПОДГОТВЕНИ СМЕ ВО РАЗЛИКИТЕ ДА ГО НАЈДЕМЕ ЗАЕДНИЧКОТО ЗАТОА ШТО САМО ОБРАЗОВАНИОТ ЧОВЕК Е ДВИГАТЕЛ НА ОПШТЕСТВОТО.

Изјава на мисијата:

ДА СЕ СОЗДАДЕ РАБОТНА СРЕДИНА КОЈА ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДИ НА УЧЕНИЦИТЕ ГРИЖА, ПОДДРШКА И СОВРЕМЕНА ПРАКТИКА НА УЧЕЊЕ ЗА ДА ГО ПОСТИГНАТ СВОЈОТ МАКСИМУМ ВО УЧИЛИШТЕТО.

МОТО НА УЧИЛИШТЕТО:

УЧИМЕ, УСПЕСИ ПОСТИГНУВМЕ, ЕКОЛОШКИ ДЕЛУВАМЕ И МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА НЕГУВАМЕ

СЛОГАНИ:

  • Блаже Конески
  • Лидер училиште
  • Афирмирано
  • Животни вештини
  • Екоучилиште
  • Креативно
  • Отворено
  • Наш втор дом
  • Етнички интегрирано
  • Современо
  • Културно
  • Иновативно

ВИЗИЈА:

САКАМЕ  УЧИЛИШТЕ КОЕ ЌЕ НИ БИДЕ ВТОР ДОМ, СРЕДИНА   ВО  КОЈА  УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ЗДОБИВААТ СО КВАЛИТЕТНО  ЗНАЕЊЕ И ЕКОЛОШПКА ЕДУКАЦИЈА  ПРЕКУ  СОВРЕМЕНА  НАСТАВА И МЕЃУЕТНИЧКА  ТОЛЕРАНЦИЈА, ПРИЛАГОДЕНА  НА ПОТРЕБИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО.