ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес, Ве информира дека запишувањето на деца во прво одделение ќе започне на 1 јуни 2020 година и ќе трае до 30 јуни 2020 година, секој работен ден од 9.00 до 17.00 часот.

Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската 2020 година ќе наполнат шест години. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполни шест години до 31 јануари 2021 година, по претходно Барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Пријавувањето на деца за упис во прво одделение ќе биде електронски, а Пријавата за упис во прво одделение ќе ја симнете ако кликнете ТУКА.

Уредно и точно пополнетите пријави треба да се испратат електронски најдоцна до 27.5.2020 г. на следнава mail адреса: upisprvacinjablazekoneski@gmail.com

За родителите/старателите кои немаат можност електронски да ја симнат, пополнат и испратат ПРИЈАВАТА, истата можат да ја подигнат од Училиштето и достават во Училиштето од 18 до 26 мај 2020 година во период од 8.00 до 18.00 часот.

Училишната комисија телефонски или писмено ќе ги извести родителите за терминот за опсервација на нивното дете во месец јуни.

На денот на опсервацијата родителот задолжително треба да ги достави следниве документи:

  • Извод на матична книга на родените (може и копија);
  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа;
  • Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Блаже Конески“;
  • При запишувањето на дете со попреченост во прво одделение, родителот е должен да достави и мислење од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Доколку од страна на родителот/старателот не се достави комплетната документација, детето нема да биде запишано во прво одделение.

*ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Се информираат родителите кои според местото на живеење, не припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“, не можат да го пријават за упис своето дете, ако, освен потребните документи за запишување во прво одделение, согласно Член 63 став 3 од Законот за основното образование, не достават и Согласност од училиштето во чиј реон припаѓаат како и Барање на Согласност за упис до ООУ „Блаже Конески“- Велес која ќе ја симнат ако кликнат ТУКА.

Сите деца кои припаѓаат под реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на домашна адреса ќе добијат покана со закажан термин за опсервација, на кој треба строго да се придржуваат.

Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес:

„Стеван Бобевски“; „Киро Ќучук“; „Тодор Јанев“; „Никола Вапцаров“; „Бане Андреев – Ронката“; „8ма Велешка Бригада“; „Лазо Осмаков“; „“Пајак Планина“; „Мирка Гинева“; „Костурска“; „Андреја Дамјанов“ (Костурска 2); „Лазо Трпковски“; „Сараевска“; „Андон Шулев“; „Костадин Бодин“; „Љубљанска“; „Ризо Ризов“; „Даре Џамбаз“; „Рилски Конгрес“ (Игманска); „Орце Мартинов“; „Самоборска“; „Петре Алчев“; „Васил Ѓоргов“; „Милан Страчков“; „Тодор Ацев“; „Илија Климкаров“; „Алексо Демниевски-Бауман“ парни броеви од 2-16 и непарни броеви од 1-39; „Димче Мирчев“; „Солунска“; „Гаврило Радомир“ (Титова Кореничка); „Коле Дрнков“; „Страшо Пинџур“; „Гоце Делчев“; „Благој Нечев“; „НиколаОровчанец“; „Кукушка“; „Скопска“; „Трајко Панов“; „Благој Абрашев“; „8ми Септември“ (Маршал Тито) непарни броеви од 1- 55 и парни броеви од 2 до 36 и „Благој Ѓорев“ непарни од 1-99 и парни од 2-34 .

Директор

Јованче Манасков