Известување

Ве известуваме дека во нашето училиште, ООУ „Блаже Конески“ – Велес, надворешен стручен соработник логопед од Основното училиште со ресурсен центар „Маца Овчарова“ – Велес започна со давање на логопедска услуга. Логопедот ќе работи со учениците кои имаат потешкотии во говорот и артикулација на гласовите два дена во неделата. На почетокот со логопедски третман ќе бидат опфатени учениците од прво одделение, а со завршување на третманот на овие ученици логопедот ќе ги вклучува и учениците од погорните одделение кои имаат говорни потешкотии.

Со почит,

Училиштен специјален едукатор и рехабилитатор

Марија Јорданов