Известување за одржување на индивидуални консултативни средби со учениците од VII одделение за следење на постигањата и утврдување на оцената

                                                                                               

Во ООУ „Блаже Конески“ – Велес од 17.5.2021г. (понеделник) до 21.5.2021г. (петок) ќе се одржат индивидуални консултативни средби со учениците од VII одделение, кои следат настава преку учење на далечина, за следење на постигањата и утврдување на оцената по предметот Македонски јазик. Средбите се организирани во согласност со Упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на наставата на далечина со строго почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 (носење на маска, држење на дистанца и дезинфекција на раце) и на просторно-хигиенските услови. Распоред за одржување на средбите

Стручна служба

ООУ „Блаже Конески“ – Велес