Елка со ЕКО лампиони

Нов жител во дворот на училиштето. Засадена елка која ја добивме како дел од наградата на објавениот конкурс за избор на „Најуспешен  собирен центар за отпад во училиште и во градинка,, за 2018 год. Прекрасната 2.5 метри  висока елка секоја година ќе биде украсувана со еколошки украси изработени од отпадни материјали. Оваа прекрасна елка  беше дел од ентериерот на големата сала на општина Велес за време на свечената седница на Советот на општината.