ЕКО солидарни и несебични, ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ пример за сите

После пожарoт што ја зафати околината на езерото Младост беа реализирани повеќе акции за пошумување, кои имаа цел ги вратат убавините и зеленилата на Велешкото езеро.

По акцијата на Претседателот Стево Пендаровски, ООУ„Блаже Конески“ Велес, заедно со ученици и наставници од основните училишта во Оризари и збратименото училиште од Букурешт, Романија, бевме ПРВИ кои се приклучивме и засадивме 96 садници на јавор и јасен во знак на солидарност и општествена одговорност.

Дел од садниците беа обезбедени и преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, а дел од нашите пријатели од Романија.

Со засадувањето на садниците учениците упатија порака за останатите млади лица дека природата ни припаѓа на сите и затоа имаме обврска да ја чуваме и негуваме за здрав живот сега и на идните поколенија.

ЕСЕНСКОТО ЗАСАДУВАЊЕ НИЗ ФОТОГРАФИИ

  

Од есенската акција за пошумување на Езеро Младост, резултатите се видливи. Секоја со љубов засадена садница денес е симбол на посветеност за подобра иднина за сите. Сите „коренчиња на иднината“ се зафатени, раззеленети и витални. Со садење на садниците сакавме да ја истакнеме важноста за одржување и грижата за околината и истовремено да создадеме здрави навики.

ПРОЛЕТНОТО РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕ НИЗ ФОТОГРАФИИ

      

Со овој несебичен гест уште еднаш покажавме дека сме пример за сите, први што ја негуваат, покажуваат и потврдуваат солидарноста, несебичноста и високо развиената општествена и еколошка свест.