ЕКО ден по повод 22 Април – Ден на планетатa Земја

            Во ООУ,,Блаже Конески“- Велес,  учениците го обележаа 22 Април –  Денот на планетата Земја. Во соработка со Друштвото за управување со отпад ,,Нула  отпад“ ДОО – Скопје, се реализираше едукација за управување со електронски  отпад и батерии преку следење на видео прилагодено на возрасните и развојните особености на децата од прво до трето одделение. Во рамките на воспитно образовната работа беше реализирана и едукативната боенка.

Паралелно со едукацијата се организираше акција за собирање на отпадни батерии од домовите на дечињата. Сите стари и истрошени батерии од нивните играчки и уреди од домот од денес ќе ги собираат во специјани садови кои ги добија по повод овој значаен ден.  Целта е учениците од  најмала возраст да се научат како треба да се справиме со отпадот кој е токсичен и штетен за нашата планета Земја.

Акцијата за собирање, селектирање на отпадни батерии  продолжува   секојдневно .