ЕКО акција за чиста и здрава животна средина

Во ООУ,,Блаже Конески“-Велес, на ден 25 и 26 март 2021г.  се реализираше активност по повод  Денови на пролетта – денови на екологија. Во нашето училиште се одржа акција за собирање na ПЕТ амбалажа и отпадна хартија. Во ЕКО акцијата учествуваа ученици од I – III одделение, наставниците и вработените во училиштето. Свесни сме дека ова е можеби симболичен придонес, но се надеваме дека со оваа ЕКО-акција ќе испратиме порака до целата заедница како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина. Се надеваме  дека со нашиот пример ќе ги поттикнеме и останатите луѓе  во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава. Горди сме што и во вонредни услови поради пандeмијата со вирусот Covid – 19 ние успеавме да организираме и реализираме успешна акција. Благодарност до родителите, вработените и учениците кои учествуваа во еко акцијата.