ЕКО акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

ООУ „Блаже Конески“ активно учествуваше во акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, „Пакомак“ Скопје и Општина Велес. Вчера, на 7.5.2021 година, Училиштето спроведе собирна акција на селектиран отпад со учениците од I до III одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство. Учениците собра 20 кг пластичен отпад, 10 кг хартија и 10 кг батерии. Денес 8.5.2021 година во акцијата се вклучија наставници и директорот на училиштето Јованче Манасков со чистење од отпад на шумскиот појас кон селото Сопот и стариот пат кон Скопје, во близина на езерото Младост. Со учество во акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД на учениците, наставниците и раководниот кадар уште еднаш се покажа дека Училиштето секојдневно и активно ја гради свеста кај учениците за грижа, заштита и зачувување на животната средина.