ЕКО АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ

Високо развиената еколошка свест уште еднаш ја покажаа учениците и вработените во училиштето. Во чест на патрониот празник се одржаа повеќе активности :

  • ЕКО АКЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ, ХЕМИСКИ ОТПАД, ПЕТ АМБАЛАЖА И ОТПАДНА ХАРТИЈА
  • ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ЕД,,ВИЛА ЗОРА“
  • ЕКО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОД  ПЕТ АМБАЛАЖА  НА ДВОРОТ И УЛИЦИТЕ  КОИ ГРАВИТИРААТ ОКОЛУ УЧИЛИШТЕТО

Од еко акцијата беа собрани 4 м ³ електронски и електричен отпад и 16,2 кг батерии, 420 кг хартија и 367 кг ПЕТ амбалажа.

Наште ученици покажаа огромен интерес за зачленување во ЕД „Вила Зора“ и овој пат 30 тина ученици станаа дел од подмладокот на друштвото.Наша прва зедничка активност беше  еко акцијата за чистење на улиците  и околината од ПЕТ амбалажа .