ЕКОЛОШКО – МАГИОНИЧАРСКО ШОУ

На ден 25.09 .2018 год.со почеток од 11 и 30 h и од 12 I 20 hучениците  и наставниците  од прво до петто одд  при нашето училиште ,имаа можност да  го проследат  еколошко-магионичарското шоу ,,Хокус –покус –рециклирањето е во фокус“-во организација на училиштето , еко магионичарот Кристијан Шопов и ПАКО МАК  .

Со многу магија ,смеа и забава учениците учеа за 3Р-рециклирање,реупотреба и редуцирање, како и за начините на употреба на трите видови канти за отпад кои Пако мак ги дистрибуира по градот ..

Присутни беа и активисти од Црвениот крст кои беа тука заради обезбедување прва помош во случај да  се укаже потреба .