Едукативни сесии на тема ХИВ/СИДА

По повод 1-ви декември Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, а во рамки на Неделата за борба против ХИВ/СИДА која се одбележува од 01-07 декември, Црвениот крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Средното стручно општинско училуште „Димитрија Чуповски“ одржуваат низа едукативни сесии за ученици од деветто одделение на тема ХИВ/СИДА – заболување и превенција.
Сесии досега се одржаа во основните училишта „Свети Кирил и Методиј“, „Благој Кирков“ и „Васил Главинов“.
Предавањето го реализираат наставник-лекар од Средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ и две ученички од здравствената насока. Тие на присутните ученици од деветто одделение им ги објаснуваат начините на зараза со ХИВ вирусот, превенцијата и третманот на болеста. Презентираат и бројки колку од светската популација и населението во земјава е зафатено од „Чумата на 20-тиот век“.
Во наредните денови едукативни сесии на оваа тема ќе се одржат и во останати училишта во Велес, Градско и Чашка.